Скопје по правило е нефрендли град. Ако сакаш да пешачиш ти требаат вештини на суперхерој за да можеш да ги преживееш сите пешачки премини и коли паркирани на сред тротоар. Ако возиш кола тогаш немаш кај да паркираш, нема начин да ги промашиш сите дупки на улиците, околу тебе има неписмени возачи... Ако го сакаш дождот не би можел да го уживаш затоа што сигурно некој ќе те поплави со преголема брзина... Ако имаш куче подготви се да ти го изедат бездомните... НО! Доколку сакаш да уживаш во беспрекорен избор на добра музика, тогаш Скопје и тоа како може да биде френдли.... Затоа ние се префрливме од оваа страна на Скопје... почнавме да го уживаме градот од неговата Coca Cola Страна... Каде што не ти треба автомобил за да стигнеш некаде, каде што сите пријатели ти се на едно место, каде што не забораваш да се смееш и каде што можеш да слободно да раскажеш за сите твои „глупости“ растеретен од сите предрасуди... А, да и не ти е забрането да кажеш гласно некому „Те сакам“!
Мал, виртуелен и интерактивен плоштад на Скопје на кој се раскажуваат убавите приказни од градот! Музичко раскажувачко шоу чие секојдневно издание е како нова епизода... Со неповторливи возбудливи моменти, со приказни од кои трепери гласот, ситуации кои постојано потсетуваат на тоа дека животот е убав и треба да се насмееш...
Coca Cola Страна на градот ја покажува пријателската страна на Скопје. Дека и покрај секојдневните проблеми, попладнето може да биде опуштено и забавно. Coca Cola Страна на градот е дел од глобалната Coca Cola платформа Coca Cola страна на живот преку која луѓето треба да се потсетат да не забораваат да гледаат на позитивната страна на нештата. Музички и информативно шоуто се разликува секојдневно – урбан понеделник, entertainment edition во вторник, Love edition среда, четврток посветен на журките и dance edition и подготовка за викенд во петок и weekend edition. Секое издание е приказна за себе, обоено во различна атмосфера и расположение. Според досегашните истражувања, целосно кореспондира со расположението на слушателите. Домаќин е Петар Ѓошев....
Coca Cola Страна на градот… И Скопје може да биде пријателски настроено!
e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
|
|
Последно освежување ( 28.02.2008. )
|