Цаци е „радиоактивна“ цели 15 години. За тоа време успеа да „контаминира“ неколку личности кои ја следат во радио водите. Од 2 часа неделно исполнети со авангардна музика, нејзиниот израз прерасна во мејнстрим исполнет со модерна и атрактивна музика и интересни приказни. Таа секогаш има многу да каже и да подели со своите слушатели. Своето прво кафе на работа го пие заедно со слушателите, и се разбира, секогаш сака да слушне за сé што слушателите сакаат да зборуваат.
Навива за Ливерпул и многу се нервира кога нејзиниот тим губи. Заминувањето на Михаел Шумахер овозможи таа да почне да навива за Ферари. Во принцип, гледањето на било кој спорт, кај неа е проследено со многу емоции; позитивни и негативни.
Во последно време зборовите „градинка“, „Лена“, „аптамил“ и „ненаспаност“ често се мотаат низ нејзината галва. Ги изговара исто толку често.
Мобилниот телефон го менува на секои 3 месеци.
Работи само со професионални слушалки, кои се секогаш пуштени на максимум. Така, според неа, етерот комплетно ја обвиткува и обзема и таа станува дел од тој етер, не само со глас туку и буквално...
Не користи шминка; игра (многу успешно) на картата „природна убавина“...
e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
|
|
Последно освежување ( 14.03.2008. )
|