City Radio | 94.7FM - Џон Антонио
Џон Антонио PDF Испечати Е-пошта


Џон Светот се збогати со Џон Антонио во 1965 година, а музичката сцена во Скопје стана поразновидна со неговото вклучување во неа, во 1989. Џон Антонио со диџејство почнува да се занимава токму од таа година кога стартува неговата диџејска работа во тогашните најпознати скопски кафулиња. Неговата способност да допре до срцата на слушателите е приметена од некои радио менаџери и некаде кон крајот на 1992 почнува да работи во Радио Уно, каде уште на почетокот станува продуцент на неколку од најдобрите музички и говорни емисии на тоа радио, а тоа беа „Радио топ листа на Македонија”, „Студио со прозорец” и др.

Неговата посветеност кон музиката и желбата постојано да се докажува резултира со тоа што во 1993 станува продуцент и во емисијата Lite Jazz, и заедно со Марти Ивановски ја уредува и реализира оваа емисија која набрзо станува една од најоригиналните и најквалитетните емисии дотогаш направени во Скопскиот етер. Некои еминентни и компетентни музички критичари ќе изјават: „Џони и Марти успејаа да изградат сосема ново име за contemporary jazz-от и на еден суптилен начин го покачија нивото на едукација на слушателите”. Lite jazz-от станува заштитен знак на самото радио, и како емисија, во истиот состав егзистираше се до 1998. Во 1997 Џони станува резидент ДЈ во СПА кафе, кадешто неговите незаборавни сетови со Acid Jazz, Funk, Smooth Jazz и Soul стануваат најпосетени и вистинска музичка атракција во градот.

Во периодот од 1998 до 2002 работи во неколку скопски радија за во 2002 да стане дел од екипата на CITY радио. Неговиот музички стил во презентирањето е јасно препознатлив и има свој оригинален имиџ. Една од неговите постојани изреки е: „Познавај ја музиката што ја презентираш и имај свој сопствен стил”.Неговото огромно искуство во познавањето на сите музички правци и стилови, искуството како ДЈ и радиски продуцент резултираат со неговата емисија Groove relation која оди на програмата на CITY радио секој работен ден од 20-22 часот во која заедно со Јулијана Милутиновиќ како водител, презентираат оригинална музичка програма во која што за разлика од многу други емисии во етерот се давааат и биографии на артисти и бендови , рецензии на албуми и запознавање со новите трендови во музиката.

Поради големиот фонт на музика и импозантниот музички background од пред три години е уредник и продуцент на емисијата Musicbox на Club Fm, 9.00-12.00 секој работен ден, а ја уредува и Morning Glory 06.00 – 09.00 секој ден во неделата на истата фрекфенција.

Негова музичка одговорност е и неделната утринска програма на City Radio Негови омилени артисти се: Stevie Wonder; Quincy Jones; Bob Marley, Sade, Marvin Gaye,George Benson

Омилени бендови: The Crusaders; The Temptation; Simply Red; Spyro Gyra Омилени музички стилови: Soul, Funk, Bossa Nova, Smooth Jazz, Deep House, Nu Jazz Омилено радио: Jazz fm (Лондон)

Омилени DJ-и: Marco Fullone (Montecarlo Radio), Louie Vega, DJ Power (Club Fm)

e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 

 

 

Последно освежување ( 15.01.2013. )
 

ON THE AIR

CITY ONLINE  

Listen via Winamp

  Број за SMS пораки:

145-947
 
 

City препорачува