|
Музички вести 05.02.2010 (петок) |
|
|
|
|
Напишано од Елена Стојановска
|
|
5.02.2010. |
Новата биографија на Leonard Cohen наскоро во продажба. Автор на книгата е Tim Footman, а биографијата изобилува со многу интересни факти од неговиот живот. Животната приказна на најхаризматичниот музичар и автор почнува од неговото раѓање до триумфалната минатогодишна турнеја.
Garbage се враќаат. Последен пат на сцената беа пред полни пет години а сега се повторно во студио , потврди Shirley Manson. Garbage во десет години кариера објавија 4 студиски албуми на кои се најдоа и познатите синглови 'Only Happy When It Rains', 'Stupid Girl' или 'Cherry Lips.
Beyonce сака дете- веќе и врапчињата знаат. На доделувањето на Grammy, Beyonce ги излеа емоциите и кажа дека е подготвена да стане мајка. Знам колку љубов и одрекувања се подготвени за тоа, па сакам да се одморам од својот бурен живот и да се посветам на мајчинството- изјави таа.
Santana објавува реиздание на "Supernatural".Оригиналот во 1999 беше продаден во дури 25 милиони копии и стана платинест, а меѓудругото освои и 9 Grammy награди. На албумот гостуваа многу ѕвезди а најголем успех постигна со Rob Thomas на песната "Smooth". Реизданието ќе биде објавено годинава под името "Supernatural: Legacy Edition".
Kesha и нејзиниот сингл 'Tik Tok' се на прво место во Европа. Billboard ја објави листата на најпопуларни хитови во Европа, па првото место го делат Lady Gaga со 'The Fame' и Kesha, позната по провокативниот имиџ, текстови но и инциденти во јавноста.
Taylor Swift е нова мета на заводникот John Mayer, барем така велат инсајдери блиски до нив. Иако наводно Mayer уште не ја преболел Jennifer Aniston, се чини ќе му тргне тоа од рака. Taylor Swift е негова пријателка, но дознаваме дека се уште не се во класична врска а пријателството веќе оди во други размери.
Dannii Minogue, сестрата на популарната Kylie Minogue, кажа дека е особено среќна поради бременоста но од чекањето на принова многу повеќе ја радува фактот дека сепак не чека две бебиња. Ми олесна затоа што сум мала и не знам каде ли ќе се сместеа двете бебиња. Друга работа е тоа што тоа за мене и Крис ќе беше уште поголема одговорност. Убавата Dannii првото дете го чека со седум години помладиот играч на рагби, Kris Smith.
1999, Член на *NSYNC гостуваше во серијата 'Sabrina The Teenage Witch' .
1983, Toto дојде на прво место на американската листа на синглови во Америка со 'Africa'.
|
|
Последно освежување ( 5.02.2010. )
|