City Radio | 94.7FM - Културни новини 05.02.2010 (петок)
Културни новини 05.02.2010 (петок) PDF Испечати Е-пошта
5.02.2010.
Детскиот анимиран филм „Принцезата и жабата“ викендов со почеток во 12 часот ќе се прикажува во киното „Милениум“. Оваа Дизни приказна за Принцезата, бакнежот и жабата сега е со малку изменето место на настаните, а ја „раскажуваат“ режисерите Рон Клементс и Јон Мускерн. Авторот на музиката е познатиот оскаровецот Ренди Њуман. Се до 11 февруари, пак, во вечерните термини од 18 и 20,30 часот, ќе може да се погледне филмот „Вонредни мерки“, со Харисон Форд, Брендан Фрејзер и Кери Рејс во главните улоги.

 

 

 

 

 

Фестивалот на документарен рок-филм „ДОРФ“ кој од 4 до 7 март ќе се одржува во Винковци, Риека и Загреб во Хрватска ќе прикаже 21 филм од осум земји од светот. На отворањето ќе биде прикажан филмот „ Dr. Feelgood - Oil City Confidential“, на легендарниот британски автор Џулиен Темпл. Од филмовите во регонов, ќе биде прикажано остварувањето „Прв вистински женски звук“, на авторката Бранкица Драшковиќ. На фестивалот ќе биде прикажан и филмот „Астралис-институција“ на Игор Нељак, кој зборува за пионерите на хрватското рејв-движење.


Балетската претстава „Шехерезада“ во продукција на МОБ со Ивана Коцевска и Хозе Карлос Лосада Моралес од Куба во главните улоги, в недела, на 7 февруари во Сараево, ќе го отвори фестивалот „Сараевска зима“, а ден порано ќе биде претставен и проектот Музиката на снегот на Исидора Данкан. Ова се и првите претстави со кои балетот на МОБ ќе ја отвори сезоната на бројни гостувања надвор од државата кои се планирани за годинава.


Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечерва во 19 часот, ќе биде отворена изложбата на слики од Лепа Милошевска. Станува збор за прва самостојна изложба на авторката во чии рамки ќе бидат претставени 25 дела работени во најразлични техники: акрил, туш и акварел.

Последно освежување ( 5.02.2010. )
 
< Претходно   Следно >

ON THE AIR

Live streaming...
Преземи Winamp за онлајн слушање
 
Броеви за SMS пораки:
145-947

City препорачува

Seat
Toyota Macedonia
 Lenny Travel
patuvajzaedno.mk
 
 
Ресторани
Amica - ГТЦ 1. кат
Носталгија - Дебар маало
Далма - зад Универзална сала
Окарина - нас. Тафталиџе
Кафулиња
Trend - Плоштад Македонија
FM Cafe - Плоштад Македонија