City Radio | 94.7FM - Културни новини 08.02.2010 (понеделник)
Културни новини 08.02.2010 (понеделник) PDF Испечати Е-пошта
8.02.2010.
Неодамна во Скопје беше промовирана монографијата „Данка Фирфова - живот посветен на музиката“, книга од авторката Мирјана Павловска Шулајковска посветена на животот и делото на првата школувана оперска певица во Македонија. Данка Фирфова е уметник кој и припаѓа на првата генерација образовани македонски музичари и е еден од основачите на македонската музичка култура по Втората светска војна. Историски гледано, Фирфова е првата македонска оперска пејачка. По отворањето на Македонскиот народен театар, Фирфова станува еден од основачите на Македонската опера.

 

 

 

 

 

Ретроспективната изложба на последниот македонски зограф и основоположник на современата македонска ликовна уметност, Димитрие Андонов Папрадишки, ќе биде отворена вечерва, во Ликовниот салон во Велес, со почеток во 19 часот.  Станува збор за постановка со која се одбележува 150 години од неговото раѓање, а која беше презентирана кон крајот на минатата година во Националната галерија на Македонија во Скопје. На изложбата ќе бидат презентирани икони како и педесетина слики работени во техниката масло на платно. Дел  од нив, вечерва за првпат ќе бидат презентирани пред јавноста.


„Македонска реч“ од Скопје, неодамна го објави романот на познатиот и контроверзен украински писател Јуриј Андрухович, насловен „Московијада“, во превод од украински јазик на Лилија Григоријан и Пантелеј Кондратјук. Станува збор за постмодернистичка проза, роман на стравот, ужасот и хаосот. Московијада е динамична нарација за болката и духовитоста на иста целина која неизбежно доведува до духовна, етичка и историска катарза.


Претставата „Буре барут“ на МНТ, работена по култниот текст на Дејан Дуковски, а во режија на Сашо Миленковски, се враќа на репертоарот по подолга пауза. Претставата, која прослави цела театарска генерација, овој пат е освежена со помлади актери. Во текот на месецов таа ќе има две изведби, на 13 и на 18 февруари, а во новата постава се вклучени Сашко Коцев и Гораст Цветковски, кои ја засилуваат стандардната екипа во која се и Владимир Светиев, Никола Ристановски, Кирил Поп Христов и други.


Македонскиот национален балет, викендов во „Народното позориште“ во Босна и Херцеговина го отвори 26. издание на фестивалот Сараевска зима. Во одличниот амбиебнт беше изведена „Музиката на снегот на Исидора Данкан“ или „Јас, Исидора“ во кореографија на Олга Панго. Оваа претстава веќе пет години игра во Македонската опера и балет и досега имала неколку гостувања. Зборува за животот на големата балерина Исидора Данкан и љубовта со рускиот поет Сергеј Есенин.

Последно освежување ( 8.02.2010. )
 
< Претходно   Следно >

ON THE AIR

Live streaming...
Преземи Winamp за онлајн слушање
 
Броеви за SMS пораки:
145-947

City препорачува

Seat
Toyota Macedonia
 Lenny Travel
patuvajzaedno.mk
 
 
Ресторани
Amica - ГТЦ 1. кат
Носталгија - Дебар маало
Далма - зад Универзална сала
Окарина - нас. Тафталиџе
Кафулиња
Trend - Плоштад Македонија
FM Cafe - Плоштад Македонија