City Radio | 94.7FM - Културни новини 08.02.2010 (понеделник)
Културни новини 08.02.2010 (понеделник) PDF Испечати Е-пошта
8.02.2010.
Годинашниот традиционален Струмички карневал ќе започне на 13 февруари со свечено отворање во кое ќе биде вклучен маскенбал и избор на принц и принцеза. Карневалот ќе трае се до 17 февруари, а ќе вклучува повеќе различни забавни содржини. На вториот карневалски ден, 14 февруари, по повод верскиот празник Прочка ќе се одржи детски маскенбал. Еден ден потоа ќе биде отворена изложба на фотографии од карневалските случувања од минатата година. Ќе се одржи и традицијата на варење бел грав по повод чист понеделник. Главната вечер ќе се одржи на 16 февруари, а карневалските случувања ќе завршат на 17 февруари со празникот на армасаните девојки, ден познат и како Тримери.

 

 

 

Со пригодни свечености Охрид, и годинава го чествуваше името и делото на својот најпознат поет од периодот на македонската преродба, Григор Прличев. Прличевата награда за 2009 година му беше доделена на првиот лауреат на конкурсот во 1992-та година, поетот Михаил Ренџов за неговата поема „Предвесница“. „Прличеви беседи 2010“ годинава изминаа во знакот на 117-годишнината од смртта на истакнатиот македонски преродбеник Григор Прличев и 150 години од објавувањето на неговата поема „Сердарот“ со која победи на анонимниот конкурс во Атина.


Од 11 до 14 февруари, во киното „Фросина“ ќе се прикажува српскиот филм „Св. Ѓорѓија ја убива ламјата“, кој својата премиера ја имаше на фестивалот „Синедејс“. Станува збор за филм кој во последниве години во Србија се смета за најамбициозна и најскапа продукција. Во него играат Лазар Ристовски, Наташа Јањиќ, Бора Тодоровиќ и други, а оваа година тој беше и српскиот кандидат за „Оскар“.


Во просториите на „Арт институтот“ деновиве е отворена групната изложба со наслов „Уметни Уметци Уметнати од Уметници кои Умеат да Уметнуваат“ на неколку членови на оваа независна уметничка организација. Марко Георгиевски, Далибор Тренчевски, Игор Китановски, Урош Вељковиќ, Маја Кировска, Искра Џокиќ, Лира Џокиќ и Благојче Наумовски со свои дела се претставуваат во петте изложбени простории на Институтот. Во рамки изложбата, презентирани се и делата на новиот фотоклуб, „Мејнстрим арт“, во кој членуваат Благоја Блажевски, Ана-Марија Радосављевиќ и Тоше Јанев - Јанус.


Турскиот театар од Скопје со претставата „Госпоѓица Јулија“, работена по текст на Август Стриндберг, а во режија на Александар Поповски ќе земе учество на „Деветтиот фестивал на актерот – Никшиќ 2010“. Фестивалот ќе се одржува од 16 до 23 февруари, а претставата „Госпоѓица Јулија“ ќе биде изведена на 17 февруари.

Последно освежување ( 8.02.2010. )
 
< Претходно   Следно >

ON THE AIR

Live streaming...
Преземи Winamp за онлајн слушање
 
Броеви за SMS пораки:
145-947

City препорачува

Seat
Toyota Macedonia
 Lenny Travel
patuvajzaedno.mk
 
 
Ресторани
Amica - ГТЦ 1. кат
Носталгија - Дебар маало
Далма - зад Универзална сала
Окарина - нас. Тафталиџе
Кафулиња
Trend - Плоштад Македонија
FM Cafe - Плоштад Македонија