City Radio | 94.7FM - Музички вести 08.02.2010 (понеделник)
Музички вести 08.02.2010 (понеделник) PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Елена Стојановска   
8.02.2010.
Radiohead го завршија снимањето на новите песни во студио во Лос Анџелес. Не е службено потврдено но последните три недели се во изнајмено студио во Холивуд заедно со продуцентот Nigel Godrich. По снимањето на комплетниот материјал на 30 јануари тие организираа голема славеничка забава во чест на завршената работа.

 

 

 

 

 

Lady GaGa се подготвува за нов спот. По Grammy на ред се Brit Awards, каде очекуваме нов дует на GaGа. Контроверзната пејачка најверојатно ќе настапи со Beyonce и како што вели сама ова е идеална можност заедно да ја отпеат песната 'Telephone'. Lady GaGa на Grammy пееше со Elton John,а со изведбата ги импресионира сите, па и самата пејачка беше воодушевена.


VICTORIA BECKHAM изјави дека сака четврто дете. Posh повторно посакала да е мајка, откако сестра и Louis ја известила дека е во третиот месец. Мајката на тројца синови со фудбалерот David се договорила по летото да почнат да работат на четврто дете. Семејството Beckham се уште копнее по девојче.


Славниот канадски автор Leonard Cohen ја одложи турнејата поради повреда на грбот. Европската турнеја според која на 15 март требаше да настапи во Загреб е одложена за шест месеци, потврди неговата гласноговорничка. Докторите го советуваа да оди на физикална терапија, а според новиот распоред турнејата е одложена за на 15 септември.


Почина Sir John Dankworth. Светот го напушти големиот jazz музичар. John Dankworth, почина во 82. година од својот живот во лондонска болница. Познатиот саксафонист и музички директор соработуваше со многу светски имиња а некои од нив се Nat King Cole и Ella Fitzgerald.


Arctic Monkeys најавија излегување на новиот сингл. Песната "My Propeller" ќе биде трет службен сингл од актуелниот албум "Humbug". Новото CD излегува на 22 март а ќе содржи три нови песни "Joining The Dots", "The Afternoon's Hat" и "Don't Forget Whose Legs You're On". Специјалното колекционерско издание "My Propeller" повторно ќе биде објавено во склоп на нивната соаработка со хуманитарната организација Oxfam.


Oasis, веќе не постои за Liam Gallagher. тој открива дека ќе ја продолжи кариерата но под ново име и со нов бенд. Oasis заминуваат во историјата вели денес Liam, но не го кажува името со кое ќе продолжат. Во меѓувреме и Noel најавува враќање, во март ќе ги има првите соло настапи.


1992, Британските изведувачи Right Said Fred ја почнаа тринеделната трка на првото место на американската листа на синглови со 'I'm Too Sexy'.

2005, Kylie Minogue беше изгласана за најсекси жена на светот од списанието Good Housekeeping. Sade беше 4 а Madonna на седмо место.

Последно освежување ( 8.02.2010. )
 
< Претходно   Следно >

ON THE AIR

Live streaming...
Преземи Winamp за онлајн слушање
 
Броеви за SMS пораки:
145-947

City препорачува

Seat
Toyota Macedonia
 Lenny Travel
patuvajzaedno.mk
 
 
Ресторани
Amica - ГТЦ 1. кат
Носталгија - Дебар маало
Далма - зад Универзална сала
Окарина - нас. Тафталиџе
Кафулиња
Trend - Плоштад Македонија
FM Cafe - Плоштад Македонија