|
Музички вести 09.03.2010 (вторник) |
|
|
|
|
Напишано од Елена Стојановска
|
|
9.03.2010. |
80-те се најпопуларна декада во музиката. Анкетата е спроведена низ цела Европа преку музичкиот портал Music Choice. 11 000 испитаници одлучија дека 80 те воодушевиле, дури 31%, се изјасниле како обожаватели на декадата со чудни фризури и поп музика, прогресивната electronic-dance сцена од 90 те е омилена на 25% од испитаниците. Рокерските и диско траки на 70 ти се на трето место а ги обожаваат 23% од Европјаните.
Европската турнеја на Guns N' Roses е одложена за на есен. Контроверзниот Axl Rose и Guns наидоа на потешкотии во формирањето на турнејата па се очекува нивната 'Chinese Democracy tour 2010' сепак да биде одложена. Lupa најави тешкотии околу локалната организација во врска со доаѓањето на бендот во Загреб, но и технички проблеми. Се очекува нова дата за концертот.
Elton John има подготвено нови 15 песни. Британската музичка легенда има комплетно нов материјал од досегашниот , потврдува неговиот автор и долгогодишен музички партнер Bernie Taupin. Рокерски звук налик на Stonese, country balada, gospel па дури и мелодии како оние на Frank Sinatrа го карактеризираат новиот материјал.
ROBBIE WILLIAMS вчера ја одложи венчавката наводно поради голема инволвираност на медиумите, а денес го кажа и својот став околу пушењето марихуана .Имено честата конзумација кај него предизвикала напад на паника и депресија. Во моментот пејачот работи и на нова песна со негов другар од бендот TAKE THAT GARY BARLOW.
Пред 10 години ако некој кажеше дека RUSSELL BRAND ќе прошета на црвената патека на оскаровската забава на Vanity Fair ќе беше неверојатно. Но, вчера Russ и неговата атрактивна девојка KATY PERRY изгледаа перфектно. Katy изгледаше опасно и буквално им пркосеше на останатите Оскаровски тоалети со својата необична комбинација.
Рок великаните Pink Floyd почнаа правна битка со дискографската куќа EMI затоа што како што тврдат не им бил исплатен доволен хонорар. Нивниот албум 'Dark Side Of The Moon' од 1972 е еден од најдобро продаваните албуми во историјата поради кој бендот е во расправа со дискографската куќа. Сметаката од EMI не е соодветно пресметана. Нивниот договор датира од 1967, a EMI тврди дека Floyd се едни од најпрофитабилните бендови.
1996, Take That го постигнаа осмиот и последниот UK No.1 сингл ,со нивната преработка на песната од The Bee Gees од 1977 'How Deep Is Your Love'
1997, Notorious BIG беше убиен откако ја напушти забавата на Petersen Automotive Museum во Los Angeles. Пејачот со родено име Christopher Wallace беше прогласен за мртво на патот кон болницата Cedars Sinai Hospital. Тој имаше само 24 години.
|
|
Последно освежување ( 9.03.2010. )
|