City Radio | 94.7FM - Музички весто 10.03.2010 (среда)
Музички весто 10.03.2010 (среда) PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Елена Стојановска   
10.03.2010.
Madonna која е во љубовна врска со младиот Jesus Luz, изгледа има страст и кон други мажи. Таа организираше забава на која веќе го замени Бразилецот со заводникот Gerard Butler, познат по шармот и успехот кај глумиците. По заведувањето двајцата заиграле на подиумот. Подоцна на двојката и се придружила и Demi Moore.

 

 

 

 

 

Некои велат дека покојниот Michael Jackson сакал да се забавува со момчиња и дека злоставувал малолетници, но по тоа прашање се огласија телохранителите на поп кралот. Тие тврдат дека Jackson бил обожавател на женскиот пол и дека често едновечерни романси имал во неговата лимузина, а бројни љубовници доаѓале и во неговиот дом. Michael бил многу пристоен и ретко ги преминувал границите на задното седиште.


Dave Grohl се враќа на местото на злосторството. Foo Fighters почнаа да работат на својот нов албум а фановите на Grohl велат дека причина за плус славење е фактот што материјалот ќе го продуцира Butch Vig, легендата која работеше со Nirvanа на култниот албум 'Nevermind'.


AMY WINEHOUSE планира по вторпат да се омажи со BLAKE FIELDER-CIVIL во Las Vegas. Пејачката која се прослави со хитот Rehab врската повторно ќе ја круниса со една посебна венчална церемонија. Но, претходно разбирливо е дека властите на САД ќе треба да ја одобрат апликацијата за виза на Amy која ако се сеќавате токму поради тој проблем не настапи ни на Греми иако таа година ги освои поголемиот дел од наградите за кои имаше номинација.


Саундтракот на филмот Twilight е најсимнуван саундтрак на светот. Истражувањето покажа дека Twilight доминира на специјализираните топ листи на филмска музика во последните дванаесет месеци. На второ место е 'Avatar', а меѓу најсимнуваните се и 'Inglourious Basterds', 'Mamma Mia!' и 'Slumdog Millionaire'.


Lily Allen се расплакала на концерт. За време на одржувањето на концертот во O2 Arenа, Lily Allen се расплакала и ја напуштила сцената откако видела двајца мажи што се тепаат. Lily им порачала дека тепањето е најлош облик на насилство и дека треба да се засрамат. На крај пејачката ја испеала песната "F*** You" која овојпат му ја посветила на David Cameron, водачот на Британската Конзервативна странка кој и бранел на својата ќерка да ја слуша музиката на пејачката поради срамните стихови.


1979, Gloria Gaynor ја почна тринеделната трка на првото место на американската листа на синглови со 'I Will Survive'.

1996, Alanis Morissette ја доби наградата за најдобар албум за 'Jagged Little Pill', на Juno Awards , во Канада.

Последно освежување ( 10.03.2010. )
 
< Претходно   Следно >

ON THE AIR

Live streaming...
Преземи Winamp за онлајн слушање
 
Броеви за SMS пораки:
145-947

City препорачува

Seat
Toyota Macedonia
 Lenny Travel
patuvajzaedno.mk
 
 
Ресторани
Amica - ГТЦ 1. кат
Носталгија - Дебар маало
Далма - зад Универзална сала
Окарина - нас. Тафталиџе
Кафулиња
Trend - Плоштад Македонија
FM Cafe - Плоштад Македонија