Подиум заедно со Љупчо Петрески - Бабура, секој работен ден од 20:00-22:00. Покрај купот од гласови присутни во етерот, еден од најуспешните почнувајќи во Уно, Мега, Антена 5 и сега како косопственик во Сити Радио вели дека среќата е на негова страна, бидејќи е убаво како партнери покрај себе да ги има Дарко Гелев - Брејк и Ѓорги Савев - Bad Guy Ѓоре.
Израснува со сето она што е тогаш актуелно од 70 и 80те, музика која и до ден денес има големо влијание во неговиот музички избор. Музика која не само нему, туку служи за инспирација на многу познати светски ДЈ-и и продуценти.Co себе носи големо искуство работејќи во многу познати клубови и дискотеки во Скопје и Македонија, како Хард Рок, Мусандра-Метропол, МНТ, тогашна Опера, Текила Хаус и Колосеум, при тоа до ден денес е препознатлив по изборот на музиката која опфаќа широк дијапазон од она моментално што е на актуелната европска и британска топ листа, музика која ги загрева подиумите на сите попознати светски клубови и дискотеки, музика која е во голема експанзија во последно време.
myspace.com/djbabura
e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
|
|
Последно освежување ( 28.02.2008. )
|