Добро утро главен граду
Весело и шарено е утрото со нас. Сакајќи да ги разбудиме нашите слушатели, откривме дека на сабајле додека се расонувааат, не сакаат да се измачуваат во секојдневни проблеми. Затоа уште од моментот кога ќе ги отворат своите очиња им помагаме да го забележат убавото во утрото заедно со нас. Секое утро додека заедно го пиеме утринското кафе, си разговараме за убави нешта кои ја носат насмевкате на лицето уште веднаш. Според нашата формула донесувмеа откачени совети како да му вратите на шефот кој ве малтретира психички, како да го изненадите партнерот, како да се облечете ако сакате да постигнете нешто тој ден и сл.
Убаво е чувството кога уште од утрото заедно со кафето добивате и утринско мазење. Па,затоа ние сме тука-секое утро од 8 до 10 ч. да си ги разгалиме нашите слушатели на City Radio.
Вики сака светлина, сонце, вода, убава музика, книги и убава храна.
Не сака насилни и некултурни луѓе.
Многу се нервира кога некој постапува неправилно, па дури и кога не ги почитува сообраќајните прописи.
Во хороскоп е близнак со подзнак во рак. Хороскопот ни го открива нејзиниот карактер-големо дете со уште поголемо срце полно со емоции.
Романтична до бесконечност, верува во љубов без граници.
Секогаш отворено го кажува она што го мисли, затоа што смета дека луѓето треба да бидат искрени.
Ужива во возење со велосипед и пешачење.
Радиото ја маѓепса уште кога беше дете, па затоа верно му служи и ден денес.
Се релекаксира со прошетка низ Скопје, кафе со слушателите и класична музика.
Модата не сака да ја следи секогаш, бидејки смета дека преку облеката и накитот човек треба да ја покаже својата особеност.
Сака бела, црвена и протокалова боја.
Пијалакот со кој го почнува денот е свежо исцеден портокал, а навечер пак ужива со вкусот на Траминец и кока кола.
e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
|
|
Последно освежување ( 28.02.2008. )
|