City Radio | 94.7FM - Елена Стојановска
Елена Стојановска PDF Испечати Е-пошта

Елена Да, да, јас сум таа што секое утро во "Нарачавте будење" од 7.00-8.00 часот, Ве буди од најслаткиот сон. Е, сега не можам да ја преземам цела вина затоа што главен иницијатор во ова е и Дела, а и Вашите пријатели кои го бараат будењето од нас. Моето дружење со Вас, не завршува тука. Секојдневно ви ги раскажувам и најактуелните музички и филмски случувања, се разбира во светскиот џет сет.

Јас сум Елена. Почнав да зборувам многу рано и не престанав...Кога веќе беше тоа премногу за моите најблиски, се пријавив на аудиција во МРТВ, за детската радио емисија Наши Графити, а тогаш имав 16 години. Во етерот заедно со тогашната дружина ми отстапија цели 3 часа, на мојата среќа и немаше крај. Ме повикаа и на телевизија каде стартував со емисија за македонската музика наречена 100%. Потоа ревносно студирав на факултетот за Општа и компаративна книжевност и таму секако имав можност да раскажувам колку што сакам, а и ги прочитав сите најубави дела во книжевноста. Многу ми е драго што литературата е неисцрпно богатство, па многу често книгите ги ставам пред се.

Најубавата приказна во водителската и новинарската дејност ме врзува токму за ова радио. Мислам дека не може да се опише тоа чувство на припадност кога ќе влезете во некоја средина. Во моментот кога го добив дресот од радиото со своето име на него, знаев дека ова е мојот тим кој толку долго го очекував. На секој натпревар давам се од себе и сакам да победуваме, да освојуваме. Бескрајно сум горда на својот тим.

Се ми се чини дека заборавив нешто да ви кажам... Се слушаме утре, ќе ви дораскажам, во нова приказна во "Нарачавте будење"!

e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Последно освежување ( 28.02.2008. )
 

ON THE AIR

Live streaming...
Преземи Winamp за онлајн слушање
 
Броеви за SMS пораки:
145-947

City препорачува

Seat
Toyota Macedonia
 Lenny Travel
patuvajzaedno.mk
 
 
Ресторани
Amica - ГТЦ 1. кат
Носталгија - Дебар маало
Далма - зад Универзална сала
Окарина - нас. Тафталиџе
Кафулиња
Trend - Плоштад Македонија
FM Cafe - Плоштад Македонија