City Radio | 94.7FM - Јулијана Милутиновиќ
Јулијана Милутиновиќ PDF Испечати Е-пошта


Јулијана Јулијана Милутиновиќ највеќе од се ја сака музиката. И тоа класичната! Тешко за верување, нели? Родена е со истата, и редовно ја слуша...од 12 ден во месецот февруари 1976 (се во знакот на водолија). Нејзините почетоци се токму во класичната музика, или како што повеќе милуваат, сериозната музика. Во меѓувреме, покрај нејзината сестра која е музичар, почнува да ги засакува и фанк, џез и соул звуците, поп музиката на 80те, и никако не го одбегнува моментот со нејзините родители кои и понатаму купуваат LP-ja co класика! Официјално со радио водителството започнува во 1994 во скопското Класик ФМ радио, и таму во наредните 4 години работи како уредник и водител на програмата. Веќе во октомври 1998 почнува со својата работа во А1 Радио, како водител на неколку емисии: Wake Up Macedonia, Site Lite, Fresh Air и Jazz Time.

Всушност, работата во ова радио и средбата со луѓето од истото прават голема промена во нејзиниот живот. Пред тоа секогаш тврдела дека не признава музика во која нема жив инструмент, но електронските звуци полека но сигурно си наоѓаат место во нејзината селекција за музика. После А1 радио, работи како водител уште во неколку скопски радио станици (Ton ФМ и Радио Равел) за конечно во 2002 да го најде своето место на 94.7 во терминот помеѓу 16 и 18 часот во емисијата Groove Relation заедно со Џон Антонио, сега од 20-22 часот.

 

Јулијана може да се сретне на секој добар clubbing настан, значи редовна на журките, на одличните поп концерти и секогаш на концерт на класична музика или балет. Нејзиниот музички стил, да се одбегне она стереотипното: сака се што е добро, е навистина различен. Омилени автори од класичната музика их се: Antonin Dvorak, Claude Debussy, Ludwig Van Beethoven, Camille Saint-Sains, Mozart, Chopin... музичарите кои таа ги сака: Miles Davis, Andreas Vollenweider, Groover Washington Jr., Sade, Astrud Gilberto, Bebel Gilberto, Lisa Shaw, Malena Perez, Viktor Lazlo, Sarah Vaughan, Sergio Mendes, Fabio Nobile, Maysa, Ultra Nate, Quincy Jones, India, Yukihiro Fukutomi, Ella Fitzgerald, Senor Coconut, Anane, Mr.V,бендовите кои најмногу ги слуша(ла): покрај сите фанк бендови од периодот помеѓу 70-80те New York Voices, Common Ground, Bah Samba, Cooly's Hot Box, Tortured Soul, Pink Martini, Incognito, Plej, Dead Can Dance, Coctau Twins, Roachford, Gus Gus, Massive Attack, Thievery Corporation, UFO, Art of Noise, ...премногу се, навистина, a од музичките стилови најмногу ужива да игра на deep house, tech house и воопшто house музиката.... ги сака француските DJ-и и продуценти посебно, во последно време е фасцинирана од Нордискиот звук, а со задоволство се журка или лаунџира со сетовите и музиката на: Stephanne Pompougnac, D'JuIz, Ludovic Llorca, Laurent Gamier, Miguel Migs, Andy Caldwell, Mark Farina, Doc Martin, Louie Vega, MAW, Grandmaster Flash, Dalminjo, Alex Kruger-Korsakow-Tigerskin-Phonique, Gene Farris, Osulande...и тука исто би била листата предолга, a ужива и во другите електронски стилови.


Од 2006 година во нејзиниот живот најбитната улога ја игра еден мал-голем човек кој се вика Вања и околу кој се врти целата музика и целиот живот на светов! Овој свет се надополни и стана комплетен во 2011 со малата, гласна и насмеана Софија!


Со огромна почит за македонските ДЈи кои со задоволство ги слуша и од кои највеќе ужива во сетовите на Џон Антонио и Зоки Бејбе!!! Со исто такво задоволство оди на фестивали и далечни патувања! Секогаш одмара и ужива со делата на Антонин Дворжак!
 
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 

 

 

 

Последно освежување ( 15.01.2013. )
 

ON THE AIR

CITY ONLINE  

Listen via Winamp

  Број за SMS пораки:

145-947
 
 

City препорачува

 

 

 
 Осигурување Македонија
Cineplexx
Еуролинк Осигурување
Toyota Macedonia
 Sport Vision
 
 Civkon
 
BiznisMap