City Radio | 94.7FM - Дома
Културни новини 11.08.2010 (среда)
Во "Св. Софија" во Охрид вечерва (21 часот) концерт ќе одржи камерното дуо Љубиша Кировски на виолина и виола и Маја Шутевска-Кировска на пијано. Од основањето до денес дуото има реализирано бројни настапи надвор од Македонија Хрватска, Србија, Полска, Италија, Швајцарија, Турската Република Северен Кипар и во Македонија, настапувајќи секоја година со премиерна програма во Салонот 19,19. Цената на билетот е 300 денари.
Прочитај повеќе...
 
Музички вести 23.07.2010 (петок)
Dizzee Rascal и Corinne Bailey Rae водат во номинациите за овогодинешните Barclaycard Mercury Prize. Rascal пред седум години ја освои наградата за најдобар нов изведувач а Corinne Bailey Rae уште не освоила ни  Mercury. Кој ќе ја освои престижната награда ќе дознаеме на 7 ми септември на церемонија која ќе ја води  Jools Holland.
Прочитај повеќе...
 
Филмски вести 23.07.2010 (петок)
Julia Roberts признава дека се поправила седум килограми на новиот филм 'Eat,pray,love' .Julia признава дека многу ја сака храната но ситуацијата излегла од контрола. Тешко ми беше да одолеам на големите порции тестенини , на крајот на краиштата јас сум голем гурман и на крај памет не ми беше кога снимавме во Рим да се откажам од славната италијанска пица.
Прочитај повеќе...
 
Kултурни новини 24.07.2010 (петок)
Во просториите на експозитурата на Шпаркасе банка во Охрид вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на канадскиот сликар од македонско потекло, Мајкл Клос. На изложбата ќе говорат поетот Тоде Илиевски, Стојан Тренчевски од Фондацијата „Мајка Тереза“ и Милчо Јованоски, соработник на изложбата. Клос досега има реализирано 65 самостојни и повеќе од 100 групни изложби, со кои настојува на свој начин да ги афирмира Македонија и нејзината култура.
Прочитај повеќе...
 
Музички вести 22.07.2010 (четврток)
Eminem не се симнува од врвот. 'Recovery' е неочекуван феномен.Откако албумот дојде на 1 место во Сад, Британија, Австралија, Канада, Данска и Ирска, доминацијата на белиот рапер како никогаш да не престанала. 'Recovery' стана платинест не само во Сад туку и во Швајцарија и Австралија.
Прочитај повеќе...
 
културни новини 22.07.2010 (четврток)
Омнибус-филмот на режисерки од пет земји од регионот, „Некои други приказни“, ќе учествува денеска на Европскиот филмски фестивал во Палиќ, Србија. Македонскиот дел на филмот „Замена“ го режира Марија Џиџева, по сценарио на Ѓорче Ставрески. Филмот е избран во селекцијата наречена „Паралели и судири“ во која има десетина филма од неколку европски земји. Тие се во конкуренција за наградата за најдобар филм, која ја доделува меѓународно жири составено од критичари, а популарно е наречена Награда на толеранцијата.
Прочитај повеќе...
 
Филмски вести 22.07.2010 (четврток)
Според списанието Grazia, Tom Cruise сериозно размислува за снимање на реално шоу за семејниот живот со сопругата Katie Holmes и нивната ќерка Suri. Ексцентричниот глумец досега имаше неколку испади во јавноста но деталите секогаш ги криеше. Се зборува дека славните актери веќе преговараат со тв продуцентите.
Прочитај повеќе...
 
Музички вести 20.07.2010 (вторник)
Некогашната дива Whitney Houston наводно троши 6300 долари неделно на дрога , тврди нејзиниот близок пријател Marlon David, шокиран од нејзиниот начин на живот. 'Whitney е како некој мртов човек кој оди-им се обратил загрижениот пријател на медиумите. Whitney ја изгуби контролата и не е чиста како што тврдеше во емисијата на Oprah Winfrey.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 17 - 24 од 1940

ON THE AIR

Live streaming...
Преземи Winamp за онлајн слушање
 
Броеви за SMS пораки:
145-947

City препорачува

Seat
Toyota Macedonia
 Lenny Travel
patuvajzaedno.mk
 
 
Ресторани
Amica - ГТЦ 1. кат
Носталгија - Дебар маало
Далма - зад Универзална сала
Окарина - нас. Тафталиџе
Кафулиња
Trend - Плоштад Македонија
FM Cafe - Плоштад Македонија