|
Културни новини 03.06.2008 (вторник) |
Кинотеката на Македонија од 6 јуни започнува со прикажување на нов циклус-филмови. Циклусот е насловен „Бергман и жените“ и во рамки на истиот ќе се прикажат неколку филмови од шведскиот режисер Ингмар Бергман. Циклусот ќе биде отворен со филмот „Лето со Моника“, а ќе може да се проследат и филмовите „Есенска соната“, „Жените чекаат“, „Крици и шепотења“, „Сонот на жената“, „На прагот од животот“ како и филмот „Сите негови жени“. Циклусот ќе заврши на 13 јуни со филмот „Островот Бергман“ на режисерот Мари Ниреред. Се работи за документарец кој е посветен на Бергман.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Филмски вести 03.06.2008 (вторник) |
Keira Knightley се пресели во Франција за да биде поблиску до своето момче. Rupert Friend во Париз во моментов го снима новиот филм 'Cheri' покрај Michelle Pfeiffer. Останува дилемата дали Keira е во Париз за да биде поблиска со своето момче или за да контролира како се одвива снимањето. Изворите велат дека сепак на Keira и недостасува Rupert, иако тој во филмот има и љубовни сцени со фаталната Michelle.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Културни новини 03.06.2008 (вторник) |
Во Мултимедијален центар Мала станица во Скопје, вечерва со почеток во 21 часот ќе започне промоцијата на книгата сценарија од авторот Томислав Османли. Книгата е насловена „Ликови од меѓувреме“ и истата ќе ја претстават Весна Мојсова и Александар Прокопиев, а делови од сценаријата ќе изведе актерот Драган Спасов Дац. На промоцијата ќе биде прикажан и дел од филмот „По повод Манаки“, а книгата ќе се продава по промотивна цена од 200 денари.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Музички вести 03.06.2008 (вторник) |
Соработката на COLDPLAY со KYLIE MINOGUE е прекратена и таа не е на нивниот нов албум затоа што е премногу секси. Kylie снимаше трака со момците но поради нејзиниот имиџ и изглед не е во финалниот рез на Viva La Vida. Таа е навистина сочна, за нивниот прекрасен но сепак сериозен четврти албум – изјави CHRIS MARTIN. Песната се вика Luna а Kylie е брилијантна и ќе се најде на новата плоча која ќе ја објават во 2009.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Културни новини 02.06.2008 (понеделник) |
Црномурната американска дива, сопранот Џеси Норман, ќе го отвори годинашното 48 по ред издание на најголемата културна манифестација во земјава „Охридско лето“. Традиционално и годинава фестивалот ќе стартува на 12 јули. Во рамки на програмата ќе може да се проследат многубројни квалитетни музички и театарски настани со реномирани домашни и странски гости. Џеси Норман ќе ја придружува оркестарот на Македонската филхармонија како и хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет. Диригент на концертот ќе биде реномираната Рејчел Ворби од САД.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Филмски вести 02.06.2008 (понеделник) |
Седумнаесетото доделувања на MTV наградите одржани во студиото Universal, поточно во просторот Gibson Amphitheatrе поминаа во знакот на Mike Myers како водител, Johnny Depp, како победник и Coldplay и Pussycat Dolls, како атракција на сцената. Наградата за најдобар филм ја освоија ‘Transformers’ , Johnny Depp е повеќекратен добитник на награда за улогата во Пиратите од Кариби. Пуканки за најдобра машка ролја доби Will Smith, a Ellen Page ја доби наградата за женска ролја во 'Juno'.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Музички вести 02.06.2008 (понеделник) |
Поранешната девојка на раперот 50 CENT го обвинува за обид за убиство извршен врз неа и нивниот син. Во солзи Shaniqua Tompkins обвинува дека пејачот кренал рака и врз сопственото дете. Тие биле во својот дом кој чини £1.2million кога избувнал пожар во петокот. Curtis Jackson пак негира и тврди дека тој не е виновен за подметнувањето на пожарот како и дека во моментот на несреќата бил на сет на својот најнов филм кој се снима во Лузијана. Се шпекулира дека пожарот настанал откако во куќата бил фрлен "Molotov cocktail".
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Културни новини 02.06.2008 (понеделник) |
На сцената на Македонскиот народен театар, вечерва новиот драмски текст на Дејан Дуковски „Празен град“ ќе ја доживее својата премиера. Претставата е во режија на Бојан Трифуновски, сценографијата е на Срѓан Митровиќ, костимографијата на Горан Чаневски, додека пак музиката е дело на Никола Васов. Во главните улоги се појавуваат Тони Михајловски и Јовица Михајловски. Почетокот на премиерата вечерва е во 20 часот.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1681 - 1688 од 1940 |