City Radio | 94.7FM - Дома
Музички вести 09.05.2008 (петок)
Madonna доаѓа во Загреб! Кралицата на поп музиката сеуште неслужбено го вметнала и Загреб во рамките на новата голема турнеја. Датата е 23 септември Хиподром но за многу кусо време нејзината промотерска куќа Live Nation, ја тргна локацијата од службената страна. Хиподром нема да биде локација на концертот а организаторите откако ќе го договорат тој момент и службено ќе го напишат местото на настанот.
Прочитај повеќе...
 
Културни новини 08.05.2008 (четврток)
Урнебесната комедија „Женски оркестар“ во режија на Димитар Станковски повторно ќе заживее пред театарската публика. Актерската екипа на хумористичната претстава е во преговори да направи обнова на истата. Во новата комедија ќе се задржи истата екипа, но ќе се направат измени на текстот кој би требало да биде уште похумористичен со актуелности од денешната состојба во која живееме. Во „Женски оркестар“ играа: Ѓокица Лукаревски, Благоја Чоревски, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Јовица Михајловски, Димче Мешковски и Игор Џамбазов.
Прочитај повеќе...
 
Културни новини 08.05.2008 (четврток)
Во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје вечерва со почеток во 20 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба на познатиот скулптор Илија Аџиевски. Ќе бидат претставени околу 80 дела - бронзени и теракотни скулптури и цртежи создадени во периодот меѓу 1946 и 2001 година. Изложбата е во организација на Националната гелрија на Македонија и истата ќе ја отворат директорката на Галеријата, Маја Крстевска и писателот Паскал Гилевски. Инаку истава оваа изложба но во помал обем, ќе биде отворена и на 9 јуни во Софија, Бугарија.
Прочитај повеќе...
 
Културни новини 08.05.2008 (четврток)
Најобемното претставување на македонската ликовна уметност во странство ќе започне на 14 мај во уметничкиот комплекс „Сите де арт“ во Париз. Делата на 107 македонски ликовни уметници ќе бидат изложени во седум хали. Меѓу одбраните имиња кои ќе ја претставуваат домашната уметност во француската престолнина се Милош Коџоман, Кирил Ефремов, Атанас Ботев, Горан Боев, Ана Матовска, Јана Манева и други.
Прочитај повеќе...
 
Музички вести 07.05.2008 (четврток)
Simple Minds се придружуваат на богатиот line up за прославата на 90 роденден на  Nelson Mandela. Jim Kerr вели дека бендот е почестен што ќе биде дел од евентот на Лондонскиот Hyde Park . Спектакуларниот концерт ќе ги вклучи и Amy Winehouse, Leona Lewis, Annie Lennox, Queen, Razorlight, Sugababes а во преговори се организаторите и со Eminem.
Прочитај повеќе...
 
Културни новини 07.05.2008 (среда)
„Драган Даутовски квартет“ наскоро започнува со снимање на новиот музички проект, кој ќе биде наследник на извонредниот „Патот кон сонцето“.Албумот ќе биде насловен „Дома“ и ќе содржи 11 композиции, кои се спој на авторските композиции на Даутовски и неколку македонски традиционални песни. Меѓу другите композиции ќе може да се слушне и една нова интересна верзија на песната „Не си го продавај Кољо чифликот“.  Инаку летово во Катар, на професор Даутовски и официјално ќе му биде врачена титулата „Уметник на УНЕСКО за 2007 година“.
Прочитај повеќе...
 
Културни новини 07.05.2008 (среда)
Актерите Лидија Иваноска, Благоја Ивчески и Кирил Андоновски ќе ги добијат наградите за животно дело на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ кој од 6 до 12 јуни ќе се одржи во Прилеп. Лидија Иваноска е актерка во пензија од прилепскиот театар, исто како и Благоја Ивчески, додека пак Кирил Андоновски целиот свој работен век го помина во Македонскиот народен театар во Скопје.
Прочитај повеќе...
 
Културни новини 07.05.2008 (среда)
Филмот „Јас сум од Титов Велес“ на режисерката Теона Стругар-Митевска е поканет на овогодишниот Кански филмски фестивал. Филмот ќе биде прикажан со три проекции во селекцијата „Ацид“ и во официјалната селекција на „Павилјон суд“. Инаку „Ацид“ избира само 10 филма од целиот свет и секој ден за времетраење на фестивалот претставува по еден. Со ова „Јас сум од Титов Велес“ станува и првиот македонски долгометражен филм кој е претставен на престижниот Кан.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Следна > Крај >>

Резултати 1737 - 1744 од 1940

ON THE AIR

Live streaming...
Преземи Winamp за онлајн слушање
 
Броеви за SMS пораки:
145-947

City препорачува

Seat
Toyota Macedonia
 Lenny Travel
patuvajzaedno.mk
 
 
Ресторани
Amica - ГТЦ 1. кат
Носталгија - Дебар маало
Далма - зад Универзална сала
Окарина - нас. Тафталиџе
Кафулиња
Trend - Плоштад Македонија
FM Cafe - Плоштад Македонија