City Radio | 94.7FM - Дома
Филмски вести 20.07.2010 (вторник)
Драмата во животот на Lindsay Lohan не престанува. Актерката за некој ден оди во затвор, но интересно е тоа што адвокатите кои ја застапуват постојано се менуваат. Lohan викендот пред затворање го помина снимајќи фотографии за германскиот GQ. Зад решетки ќе помине 90 дена затоа што ја прекршила условната казна. Состојбата на актерката е ужасно лоша, нервозна е не може да спие, не јаде и само пуши цигари.
Прочитај повеќе...
 
Културни новини 12.07.2010 (понеделник)
Со настапот на светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески, во придружба на Рускиот национален оркестар под диригентство на маестро Михаил Плетњов вечер на сцената на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено 50-то јубилејно издание на најпознатата музичко-сценска манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“. Вечерашниот концерт, како што најави маестро Плетњев, ќе биде составен од дела на познати руски комозитори - Четвртата симфонија на големиот Петар Илич Чајковски и Големиот концерт на Рахмањинов.
Прочитај повеќе...
 
Музички вести 09.07.2010 (петок)
Еден од најголемите музички фестивали Егзит вчера беше свечено отворен. На него во текот на четири вечери ќе настапат повеќе од 600 изведувачи. На отворањето имаше повеќе од 30.000 луѓе, а главна ѕвезда беше англискиот пејач Mika. По Mika, настапи DJ Shadows од Велика Британија. Новина на Егзит е основање State of Exit фондација со цел поддршка на студенти од Новосадскиот универзитет. Фондацијата досега доделила по 500 евра за 25 најдобри студенти за патување во Европа. Најмногу странски посетители на фестивалот има од Велика Британија, Холандија и скандинавските држави, а оваа година голем број луѓе доаѓаат од Австралија, Нов Зеланд, Бразил и Аргентина. Фестивалот трае до 11 јули.
Прочитај повеќе...
 
Филмски вести 09.07.2010 (петок)
Во Лос Анџелес е покрената истрага против Мел Гибсон за семејно насилство, по обвинувањата на неговата поранешна девојка Оксана Григориева. Истрагата почнала уште во понеделникот, тврди портпаролот на канцеларијата на шерифот Стив Вајтмор, бидејќи тогаш жртвата и се пожалила на полицијата. Истрагата за семејно насилство е покрената во јули 2010, а го вклучува Мел Гибсон и неговата поранешна девојка Оксана Григориева. Детективот кој е задолжен за случајот во моментот собира информации врзани за обвинението, се наведува во соопштението на полицијата.
Прочитај повеќе...
 
Културни новини 09.07.2010 (петок)
Диригентот Михаил Плетњов ќе долета денеска претпладне од Москва во Охрид, за отворањето на фестивалот „Охридско лето“ в понеделник. Токму од Античкиот театар од Охрид ќе почне европската турнеја на неговиот Рускиот национален оркестар, кој го основал пред 20 години. Концертот е најавен и на интернет-страницата наоркестарот. Отворањето го режираат Иван Поповски и Зоја Бузалковска.
Прочитај повеќе...
 
Филмски вести 08.07.2010 (четврток)
Се водат преговори со популарните актери за учество во високобуџетниот филм за животот на Nikolа Teslа. Холивудските ѕвезди Nicolas Cage, Megan Fox и Jessica Alba наводно со почетокот на есента почнуваат да работат на новиот филм. Проектот Тесла- владетел на светот ќе се снима во Србија а холивудските ѕвезди доаѓаат во август.
Прочитај повеќе...
 
Музички вести 08.07.2010 (четврток)
Kylie Minogue го потврди името на новиот сингл од албумот 'Aphrodite'. Тоа ќе биде песната под наслов 'Get Outta My Way', која ќе го наследи  'All The Lovers'. Новиот сингл го продуцира  Cutfather, Peter Wallevik и Daniel Davidson. Kylie ја потврди веста за време на промоцијата на албумот на Ibizа.
Прочитај повеќе...
 
Културни новини 08.07.2010 (четврток)
Пет македонски уметници се дел од групната изложба „255.804 км2“ што денеска во 20 часот ќе биде отворена во Градската галерија во Љубљана. Велимир Жерновски, Ѓорѓе Јовановиќ, Верица Ковачевска, Никола Узуновски и Неда Фирфова, преку различни дела изработени во повеќе техники ќе ја раскажат приказната за просторот на поранешните југословенски републики. Изложбата ќе трае до 5 септември годинава.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 25 - 32 од 1940

ON THE AIR

Live streaming...
Преземи Winamp за онлајн слушање
 
Броеви за SMS пораки:
145-947

City препорачува

Seat
Toyota Macedonia
 Lenny Travel
patuvajzaedno.mk
 
 
Ресторани
Amica - ГТЦ 1. кат
Носталгија - Дебар маало
Далма - зад Универзална сала
Окарина - нас. Тафталиџе
Кафулиња
Trend - Плоштад Македонија
FM Cafe - Плоштад Македонија