|
Филмски вести 17.06.2010 (четврток) |
Harrison Ford и Calista Flockhart во вторникот се венчаа по осум години врска. Судбоносното да го кажаа во Santa Fe, каде 67-годишниот Ford го снима новиот филм "Cowboys and Aliens". Во гувернерската палата во Ново Мексико ги венча , Bill Richardson. Двојката се запозна во 2002 на доделувањето на Златниот глобус.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Културни новини 17.06.2010 (четврток) |
Во галеријата на Културниот центар во Ниш, Србија, денеска во 20 часот, ќе биде отворена изложба на цртежи од академскиот сликар Тони Шулајковски со наслов „Под дејство на звукот“. На изложбата ќе бидатпретставени 25 цртежи работени во различни техники - пастел, јаглен, молив вобоја и акварел. Цртежите се создадени под влијание на електронска музика. Ова е45-та самостојна изложба на Шулајковски, но негово прво претставување во Ниш. Изложбатаќе биде отворена до 27 јуни.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Музички вести 16.06.2010 (среда) |
Ненадминливата музичка легенда Leonard Cohen летово ќе ја збогати културната и музичка сцена во Загреб. Cohen медиумите го опишуваат како човек со бујно и интересно минато. Никогаш не играл по правилата на шоу бизнисот и секогаш бил посебен.Денот е 25 јули, Загрепска арена.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Филмски вести 16.06.2010 (среда) |
Bekim Fehmi, еден од познатите глумци од подрачјето на поранешна Југославија е пронајден мртов во својот стан во Белград. Се зборува дека станува збор за самоубиство и дека сам пукал од својот пиштол. Во текот на кариерата Fehmi соработуваше со имиња како John Houston и Avа Gardner.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Културни новини 16.06.2010 (среда) |
Мултимедијалниот спектакл „Види музика-слушни слика-добиј книга“, вечерва во 20 часот, во Градскиот парк ќе ги обедини музиката, сликарството или тературата. На отворена сцена ќе настапи Македонската филхармонија под диригентската палка на Борјан Цанев, а уметникот Сергеј Андреевски ќе слика на две платна со димензии 10 метри на 3 метри, инспириран од звуците на музиката.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Филмски вести 15.06.2010 (вторник) |
Девојки можеби сте загрижени како ќе се појавите на плажа по часовите минати во канцеларија. Еве ви инспирација... CAMERON DIAZ на нејзиниот одмор ужива во бикини. Актерката беше на пауза од снимање но не се стеснуваше, фати некој сончев зрак на Хаваи , имаше неколку јога движења и се рекреираше. Па, тоа е тајната на одлично тело за на плажа.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Музички вести 15.06.2010 (вторник) |
CHERYL Cole има проблеми со опседнатоста на фановите. За време на аудициите на X Factor во Birmingham вчера малата судијка била влечена од обожавателите и едвај ја ослободиле. На нејзините телохранители им било тешко да се справат со ситуацијата. Cheryl, 26, им се приклучи на Simon Cowell, Louis Walsh и Natalie која влезе на местото на Dannii Minogue која е на пауза поради приновата која ја очекува.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Културни новини 15.06.2010 (вторник) |
Во салонот на Македонската опера и балет, вечерва (20часот), ќе се случи концерт на оркестарот на МОБ заедно со студентите посоло-пеење од прва до четврта година и од постдипломски студии на Факултетот замузичка уметност во Скопје. Под диригентската палка на Иван Еминовиќ и на Саша Николовски-Ѓумар, дваесетина студенти ќе изведат дваесет и едно дело од Росини,Моцарт, Бужаровски, Каталани, Верди, Чајковски, Штраус, Бизе, Доницети, Гуно иМаскањи. Концертот е во чест на основоположникот на македонската вокална школа,професор Коста Трпков.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 65 - 72 од 1940 |