|
Музички вести 31.08.2010 (вторник) |
Изненадувачкиот настап на Eminem и Elton John на доделувањето на Grammy е наречен најинтересен и најнеочекуван дует. Elton John му се придружи на Eminem во 2001 година на сцената на Grammy, а според анкетираните на такво нешто не би се надевале ни во сон. На второ место е соработката меѓу Aerosmith и Run D.M.C. во песната 'Walk This Way' 1986. Соработката на Dusty Springfield и Pet Shop Boys 'What Have I Done To Deserve This' (1987), е на трето место.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Филмски вести 31.08.2010 (вторник) |
Sylvester Stallone на Twitter најави сериозна можност за снимање и на продолжение на новиот акциски хит. (The Expendables) веќе го освои врвот на американската топ листа на најгледани филмови па не е ни чудо што се размислува за продолжение. Во вториот дел ќе бидат вклучени јунаците од првиот филм.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Музички вести 30.08.2010 (понеделник) |
MADONNA минатата година ја посвои Mercy но денес не дозволува да ја види нејзиниот биолошки татко James Kambewa, кој работи како угостител во Јужноафриканската република и сака да ја види својата ќерка. Гласноговорничката на пејачката го демантира сево ова и вели дека во службените документи, таткото на Mercy не е познат, нејзината мајка била силувана и напуштена. Имала само четиринаесет години и умрела неколку дена по породувањето.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Филмски вести 30.08.2010 (понеделник) |
JENNIFER ANISTON повторно љуби. Таа е во врска со европски банкар чиј идентитет го држи во тајност. Сепак, на своите пријатели им се пофали дека нејзиното ново момче е многу подобро во кревет од поранешниот John Mayer. Според нејзините зборови Mayer нема поим што е романтика.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Kултурни новини 19.08.2010 (четврток) |
Во рамките на манифестацијата Бит Фест вечерва во Магаза (21.30 часот) ќе се одржи етно-џез концерт на Валери Димчев трио од Бугарија. Постојаната потрага по нови идеи и стилови се главната карактеристика на оваагрупа. Тие се иноватори во ритамот на традиционалниот бугарски фолклор. Задржувајќи го уникатниот стил во музиката, триото кое го сочинуваат Валери Димчев на тамбура, Антон Апостолов на гитара и Десислава Димчева - вокал, има реализирано неколку албуми во Бугарија, Европа и Америка.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Културни новини 18.08.2010 (среда) |
Светската театарска легенда, италијанскиот режисер и автор Еуџенио Барба, ќе биде гостин на 35. фестивал Млад отворен театар, кој ќе се одржи од 18 до 26 септември. Еден од најценетите активни режисери, следбеник на иноваторот на експерименталниот театар Јержи Гротовски, ќе одржи неколку работилници за студенти и театарски уметници, а ќе бидат изведени и две претстави- „Итси Битси“ и претстава-демонстрација на филозофијата на неговиот театар.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Културни новини 16.08.2010 (понеделник) |
Концерт на македонски уметници ќе биде одржан вечерва на Античкиот театар во Охрид, во 21часот, во рамките на „Охридско лето“. Ќе настапат Славица Петровска-Галиќ - сопран, Јасна Аврамовска - пијано, Блерим Груби - виола, Марија Вршкова - пијано, Васил Атанасов - обоа, Катерина Костадиновска-Гелебешева - пијано, пијано-дуото „Гелебешеви“, Елена Стојческа - флејта, Јанинка Невчева - пијано и Илија Зимбо - флејта. На програмата ќе бидат дела од Форе, Вебер, Брамс, Стојков, Аврамовски, Манчев и Видор.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Културни новини 12.08.2010 (четврток) |
Врвниот египетски пијанист Рамзи Јаса, вечерва во 21 часот, во „Св. Софија“ во Охрид ќе одржи концерт по повод 200-годишнината од раѓањето на големиот полски композитор Фредерик Шопен. Со овој концерт фестивалот Охридско лето се приклучува кон прославата на годишнината, која цел свет ја празнува преку организирање разни манифестации од културен и од социјален карактер, од концерти до претстави.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 9 - 16 од 1940 |