City Radio | 94.7FM - DJ Дела
DJ Дела PDF Испечати Е-пошта

DJ Дела Со секое утринско отворање на вашите очи, за да ја слушнете вашата омилена песна потребно е само да свртите на 94,7 фм и да ја чуете музиката на човекот кој е задолжен за тоа - Владо Деловски а.к.а Диџеј Дела.

Неговата работа започнува од 7 часот изутрина заедно со колешката Елена Романова, се до 10:00 часот. Музиката во првиот термин е темпиран за рано утринско будење значи песни за ваше утринско размрдување додека се подготвувате да го зграпчите денот, а во вториот термин музиката изобилува со нови поп радиски хитови од светската музичка сцена и се разбира со по некој ретро хит. Сето ова е направено за вие слушателите го почувствувате пулсот на новиот ден. 

Работата во Сити радио му претставува задоволство па затоа како што самиот вели воопшто не му е напорно да станува наутро во 6 часот за да оди на работа.

Неговата музика можете да ја почувствувате и низ дискотеките во Скопје и низ другите градови во Македонија. Инаку неговата прва пуштена песна на радио е во далечната 1991 година. И од тогаш па се до денес работи со музика иако ги заврши студиите на Архитектонскиот факултет во Скопје и е дипломиран архитект, љубовта кон музиката преовладa да остане во оваа професија.

Што се однесува до стилот на тоа што тој сака да слуша,тој е хаус,рок, амбиент, боса нова. Негови омилени бендови се The Smiths, Depeche Mode, Classix Nouveaux, Reamon, Suede,Oi Va Voi, Manic Street Preachers, Franz Ferdinand, а омилено му е шоуто на John Digweed,Hernan Cattaneo и  Ferry Corsten
Ако сакате нешто повеке да дознаете за Дј Дела слободно можете да му поставите прашање на неговиот е-маил.

e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Последно освежување ( 24.06.2014. )
 

ON THE AIR

CITY ONLINE  

Listen via Winamp

  Број за SMS пораки:

145-947
 
 

City препорачува

 

 

 
 Осигурување Македонија
Cineplexx
Еуролинк Осигурување
Toyota Macedonia
 Sport Vision
 
 Civkon
 
BiznisMap