|
Филмски вести 23.01.2012 (понеделник) |
Четвртото продолжение на хорор серијалот, сега во 3Д техника наречено Underworld Awakening заработи 25 милиони долари по првиот викенд на прикажување и се пласира на првото место на бокс офисот во Северна Америка. Во четвртото продолжение се врати актерката Кејт Бекинсејл, но сега серијалот е без Вил Најтли и Мајкл Шин.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Музички вести 23.01.2012 (понеделник) |
Веста за разводот на познатата манекенка Хајди Клум и пејачот Сил ја изненади пошироката јавност, бидејќи наизглед имаа совршен брак, меѓутоа тоа не било сосема така како што потврдуваат американските таблоиди кои објавија дека причина за разводот е неверството на пејачот.Сил наводно ја изневерувал Хајди со дадилката која своевремено работела за нив, а манекенката се одлучила на развод бидејќи несакала повеќе да го трпи неговото неверство.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Филмски вести 19.01.2011 (четврток) |
Вчера беше објавен првиот трејлер за Македонскиот филм, Трето полувреме кој е базиран на вистински настани а е во режија на Дарко Митревски.Трето полувреме ја раскажува приказната за тренерот Евреин на историскиот Македонски фудбалски тим во текот на Втората светска војна кои под неговото водство станаа шампиони на Национална фудбалска лига. Освен тоа во филмот станува збор и за млада девојка од богато еврејско семејство која ќе се заљуби во Македонски фудбалер.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Музички вести 19.01.2012 (четврток) |
Поранешниот телохранител на Бритни Спирс - Фернандо Флорес, кој во 2010-та ја обвини за сексуално малтретирање, планира да ги открие сите зачинети детали околу пејачката, во книга. Флорес тврди дека потпишал договор од 1 милион долари за издавање на книгата, која, според него, ќе ја извади на виделина нечистотијата околу турнејата на Спирс.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Филмски вести 18.01.2012 (среда) |
Universal Pictures објави нов меѓународен трејлер за филмот American Reunion. Во филмот се појавуваат оригиналните актери од Американска пита, Џејсон Бигс, Алисон Ханиган, Крис Клејн, Наташа Лионе, Томас Јан Николас, Тара Реид, Шон Вилијам Скот, Мена Сувари, Еди Кеј Томас, Џенифер Кулајџ и Јуџин Леви.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Музички вести 18.01.2011 (среда) |
Еден од четири караоке-натпреварувачи избира песна од Адел кога зема микрофон во раце, покажаа истражувањата. Нејзината балада Someone like you беше најпопуларна песна во 2011, која сочинува 14% од песните изведени на Lucky Voice. Преработката од Боб Марли на Адел, Make you feel my love, беше втора најпопуларна со 10%. Друга песна од Адел, Rolling in the deep, се најде на 7-то место.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Филмски вести 17.01.2012 (вторник) |
Славниот актер Шон Пен, ја доби титулата почесен амбасадор на Хаити, откако во последните две години вложи големи напори за да им помогне на луѓето кои останаа без покрив над главата по земјотресот што го погоди овој карипски остров. Амбасадорот за надворешни работи на Хаити, Лорен Ламот, му понудил на Шон Пен да биде почесен амбасадор на карипскиот остров Хаити, откако тој во последните две години вложи многу труд за да им помогне на жителите да закрепнат по страшниот земјотрес.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Музички вести 17.01.2012 (вторник) |
Членовите Public Enemy годинава повтроно ќе се соберат за да снимаат нови два студиски албума, откри еден од основачите на на групата, Чак Ди за магазинот Billboard.Светски прославените американски изведувачи на хипхоп музика, по петгодишната пауза во јуни ќе го објават албумот Most of My Heroes Still Don't Appear On No Stamp, а во септември The Evil Empire of Everything.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 8 од 2314 |